„Кралевите“ ќе го тргнат традиционалниот христијански крст од облеката

Date:

Share post:

Реал Мадрид ќе ја измени круната на логото и ќе го тргне традициналниот христијански крст на облеката која ќе се продава во неколку земји на Средниот Исток.

Во овие земји мнозинството од населението се муслимани, па логото на Реал Мадрид ќе претрпи промени.

Real Madrid1Промената на грбот на Јувентус ги разочара навивачите, но ни Реал не му одолеа на маркетиншкиот предизвик на пазарот на Исток, па го отстрани крстот од врвот на круната.

„Марка“, ланец на продавници од Обединетите Арапски Емирати доби ексклузивно право да произведува, дистрибуира и продава брендирани продукти од Реал Мадрид во ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Бахраин и Оман.

Договорот на „Марка“ се однесува за продажба на облека како, маици, поло маици и опрема за пливање со името и логото на Реал Мадрид.

Реал се надева на поголем профит од ОАЕ, од Саудијска Арабија, Кувајт и Катар, како и од Катар кој ќе биде домаќин на Светското првнество во 2022 година. Потпретседателот Марке Калид ал-Меири инсистираше да се повлече крстот, што предизвика незадоволство кај навивачите на кралскиот клуб во Шпанија.

Ова не е прв пат логото на Реал Мадрид да претрпи измени. Во 2014 исто така беше тргнат крстот кога логото на „Кралевите“ беше користено од спонзорот Национална Банка на Абу Даби.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img