Крадци од манастирот на Света Гора, однеле вредни црковни предмети кои биле поставени како украсни елементи на чудотворната икона на св. Ана.
Кражбата ја забележале монасите рано наутро на 1 октомври. Крадците отсекле дел од решетката на прозорецот од храмот и влегле внатре. Ограбувачите сепак не успеале да ги украдат сите вредни предмети зачувани во храмот.
Полицијата сè уште се обидува да ги пронајде крадците. За таа цел се проверуваат сите и посетители на пристаништата околу Света Гора
Ова не е прв грабеж. Во декември 2014 година, непознати крадци украле уникатнао старо кандило, кое датира пред 200 години.
/Добротољубие

