Коњановски за младите и традицијата: Фолклорните ансамбли ќе добиваат поддршка

Date:

Share post:

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, заедно со носителот на листа Филип Поповски и кандидатите за советници, денеска оствари средба со претставници од фолклорните групи од Битола и регионот.

На средбата се разговараше за значењето на фолклорот како дел од културното наследство и за улогата на младите генерации во неговото зачувување. Коњановски ја истакна поддршката што општината ја издвојува од 1.400.000 денари од програмата за култура и нагласи дека ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи со цел промоција на традицијата, обичаите и македонската песна и оро, како препознатлив белег на домашната и меѓународната културна сцена.

Средбата беше и можност за размена на идеи за идни настани, фестивали и настапи каде што фолклорните ансамбли ќе можат да ја претстават богатата културна ризница на Битола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img