Верски календар: 30 Април
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Пио Петти.
Бил роден во близина на Александрија, во Италија, во 1504 година. Како млад го почувствувал Божјиот повик и стапил во редот на доминиканците. Предавал теологија, станал бискуп, потоа кардинал, а во 1566 година бил избран за папа. Во својот понтификат го продолжил обновувањето на црквата која ја започнал Тридентскиот собор. Ги подржувал мисионерите кои патувале во далечните земји, најавувајќи ја Христовата Радосна вест. Папата Пио Петти умрел во 1572 година.

