Верски календар: 18 Декември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Очекување на приновата на Блажена Девица Марија.
До Божик има само седум денови. Во некои земји на денешен ден се слави Очекувањето на приновата на Блажена Девица Марија. Тајната на тој празник е способна нашето внимание да го насочи кон божиќното празнување. Денешниот празник ни говори за вековните воздишки, за доаѓањето на Спасителот Исус, за да не спаси од гревовите и од владеењето на ѓаволот. Тоа пристигнување на Спасителот на нашата земја се случило по Марија. За нас христијаните битно е да ја обновиме верата во невиноста на Марија, да ја следиме Марија во крепосниот живот и да живееме според Божјите заповеди.

