Католиците в сабота ќе се молат за одржување на Соборот на Православната црква

Date:

Share post:

Католиците кои на 11 јуни оваа година ќе се најдат во Рим, ќе имаат можност да се молат за успешно спроведување на Сеправославниот собор, кој треба да се одржи грчкиот остров Крит, соопшти агенцијата „catholic-news“.

sveti pavle crkvaСпоред предвидената програма свечената вечерна (Првата вечерна молитва од Литургијата на Часовите) ќе биде отслужена на 11 јуни од 17 часот, во папската базилика “Св. Павле“. Целта е да се даде сведоштво за духовната близина на Католичката Црква со Православните Цркви.

Агенцијата пишува дека Соборот кој го свикал Цариградскиот патријарх Вартоломеј се соочува со проблеми од некои православни цркви, вклучувајќи ја и најголемата според бројот на верниците – Руската, кои веќе изразија сомнежи во некои од документите кои се предвидува да бидат прифатени на Соборот.

Претходно, пишува „catholic-news“, претседателот на Папскиот совет за промовирање на христијанското единство кардинал Курт Кох изразил надеж дека првиот по многу векови Собор ќе успее да одигра позитивна улога за приближување на позициите меѓу различните Православни Цркви во однос на католиците. Кардиналот посочил дека ако православните партнери меѓусебно не се до крај обединети, тоа може да влијае негативно и врз католичко-православниот дијалог.

Според него, и до ден-денешен во православието постојат разлики во перцепцијата кон католиците.

Претседателот на Папскиот совет за христијанско единство се надева дека претстојниот Сеправославен собор ќе даде јасни знаци, кои треба да покажат желба да се оди по патот на христијанскиот дијалог.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img