Верски календар: 13 Декември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Лучија.
Таа била една од последните жртви на големото прогонства на царот Диоклецијан. Последните зборови кои, таа ги изговорила пред мачењето: “Кога живеам безгрешно, моето тело е место каде што живее Светиот Дух”. Разбеснетиот мачител се згрозил на тоа и одлучил да и ја одземе невиноста, а Лучија му одговорила: “Ако ми ја одземеш невиноста, мојата душа нема да биде грешна, туку ќе имам живот на небото. Грев е само тоа што човекот ќе го направи со слободна воља”. Господ, пред безбожниците ја сочувал невиноста на својата следбеничка. Крвникот ја прободел со меч. Божјиот народ, оваа светица ја повикува за очни болести.

