Како Македонците во Австралија ја примија одлуката на Синодот – Нова надеж или најави за нови поделби?

Date:

Share post:

Првите реакции на македонските верници од Австралија за денешната одлука на Синодот на МПЦ-ОА се во позитивна насока. Очекуваат дека новоизбраниот митрополит Никола ќе покаже поинакво управување од она што го практикуваше владиката Петар изминативе 30 години.

Игор Аврамовски Александров, од македонските црковни општини кои се под јуриздикција на Австралиско-сиднејската епархија, му го честита изборот на Никола за митрополит и надева дека тронот ќе го искористи само за доброто на Македонските православни Христијани и нивната Црква и нација.

-Дека нема да дозволи некој да го заведе кон нов обид за тиранија, овој пат со некои посуптилни тактики. Тоа може да успее колку што ЕУ може да им наметне повампирен, глобалистичко-вокистички комунизам на Полска и Унгарија, по нивните болни искуства на отпор кон болшевизмот, вели Аврамовски Александров, потенцирајќи дека денешниот ден бил добар, бидејќи „деспотот го симнаа од тронот, тивко, незабележително. Не кажаа ни зошто“, алудирајќи на повлекувањето на Петар од Австралија.

Сепак, за историјата и народната меморија ќе остане мошне забележително тоа дека Петар ги направи најголемите скандали и пакости во историјата на Македонската православна црква во Австралија, па и на современата МПЦ воопшто. А Македонските православни заедници и храмови за кои клеветеше дека се лажни цркви, приватни бизниси, обесчестени … и се закануваше дека ако не ги преземе ќе ги уништи со тужби, си живеат и понатаму, повеќето со поголема посетеност од било кога. Кога во 1996та, на Епархиско собрание во Волонгонг, за прв пат ги одбив неговите уцени да прифатам деспотски црковен правилник (во име на МПЦО Св Петка, чие членство ме испрати да го оспорам правилникот), па на крај ми рече да го напуштам собранието дека не сум валиден претставник, некои постари соработници ми велеа “не можеш да победиш владика со цел Синод зад него.” Продолжија многумина така да ме советуваат сѐ до 2012г, кога Синодот конечно прифати дека не може да го наметне Петар со неговите деспотски правилници и статути на оние 14 цркви чии заедници тогаш ги застапував. Сепак излезе дека вистината, народната волја, непоколебливоста и упорноста можат да ја победат тиранијата дури и кога се штити со владички одежди, синодски печат и полициско-државни закани и манипулации, посочува Александров.

Од друга страна вели дека предизвиците се уште постојат, бидејќи едната епархија останува без митрополит, што не е добар сигнал.

-Ако го назначиле г. Никола за Митрополит, а не администратор, додека за Сиднејско-Австралиската Епархија не ги ни разгледале нашите предлози, значи или немаат намера да ги обединуваат двете епархии, или мислат дека можат да нѝ го наметнат без претходни консултации, со игнорирање на Епархискиот устав кој после децении на конфликти Синодот и црквите-членки на Сиднејско-Австралиската епархија го прифатија со консензус. Да се надеваме дека г. Никола ќе излезе вешт дипломат и духовен водач, со искрена волја за плодотворна хармонија и со желба и способност за почитување на правниот и внатрешно-политичкиот контекст во кој нашите општини се развиени. Во спротивно ќе следат нови турбуленции и овој пат може да доведат до траен раскол, ако се наруши довербата со игнорирање на правилата прифатени за време на администрирањето од страна на г. Тимотеј. За општината која јас ја застапувам можам да кажам дека ќе направиме сѐ што е можно за единство, но во строго принципиелни граници, вели Игор Аврамовски Александров.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img