Како Бог да ме фати за рака и ме води низ непредвидливи патеки

Date:

Share post:

Дебарско-кичевската епархија е позната по своето монашко искуство и монашки живот и веројатно една од епархиите со наголемо монаштво, вели Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј во божикно интервју за подкастот „Во право со Димоски“, на локалниот портал ОхридЊуз. Потенцира дека и онаму, бо оние манастири каде што нема голем број монаси, има значаен монашки живот.

– Веројатно една од епархиите со најголемо монаштво. Но и онаму кајде што нема голем број монаси, како на пример Свети Наум и отец Нектариј, можеби е еден, но ни вреди за илјада монаси, вели владиката Георгиј.

Тој во поткастот зборува за своето детство, потенцирајќи дека како дете растел во семејство каде црквоувањето било нормална состојба.

-Се запишав на богословското училиште. Уште како дете имам чувство како Бог да ме фатил за рака и да ме води низ непредвидливи патеки, вели Георгиј.

Си спомнива и за моментот кога го запознал Светиот Гаврил Велички уште кога бил на Богословија.

-Имавме можност да присуствувам на неговите предавања. Уште тогап беше препознаен како свет и со право го препозна црквата, вели Георгиј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img