Јосиф: Младите имаат погрешна претстава за црквата

Date:

Share post:

Младите денес најчесто имаат погрешни претстави за Црквата и затоа е потребно да се работи на промена на таа перцепција, смета Тетовско-гостиварскиот митрополит, г. Јосиф.

Тој во интервју за порталот „дигиталњус“ бели дека младиот човек, кој е иднината не само на светот, туку и на Црквата како никогаш до сега страда и талка по замките на овој свет.

– За жал, младите денес најчесто имаат погрешни претстави за Црквата. Заради тоа, лично јас особено вложувам сила и енергија во мисија помеѓу најмладите, но исто така и свештенството. Ете и сега ги повикувам сите заедно да ја засилиме мисијата, да им Го откриеме Бога не само преку проповед, туку и преку нашите дела да Го посведочиме нашиот Бог и нашата вера, вели во интервјуто митрополитот г.Јосиф.

Тој вели дека по неговото назначување за епископ секојдневно се среќава со млади луѓе и во согласност во Православното предание на повеќе начини и мисионерски правци им укажува на потребата од поактивна катихезација на најмладата категорија на луѓе, не само преку и во Црквата, но и надвор од неа – во семејството.

– Обновата на вистинското православно значење на кумството е од особена важност, затоа ги советуваме кумовите да си ги вршат своите обврски, но исто и родителите треба да им пружат шанса на своите најмили активно да учествуваат во Црквата, да бидат свесни дека се членови на Црквата. Со ова сакам да кажам дека за да ги вратиме младите во Црквата – потребно е веронауката да започне и го образува својот цврст темел во личноста на човекот уште во кругот на смејството, па да се развива во храмот Божји на светите богослужби, првенствено на светата Литургија. Во епархијата моментално се трудиме да формираме здружение на млади луѓе, со кои заедно ќе работиме на низа проекти со цел да ги потикниме младите луѓе да дојдат во храмовите и манастирите и да го слушнат Божјото слово. Веќе одамна во Соборниот храм во Тетово, како и во поголемите населени места, како Вратница и Брвеница имаме часови по веронаука, вели Итец Јосиф.

Од тие причини епархијата активно е вклучена и на социјалните мрежи

-На нашиот епархиски сајт, на Фејсбук и Инстаграм страницата секојдневно објавуваме интересни, актуелни и современи православни теми. Исто така во фокусот ни е да направиме некој семинар за млади во културно-просветниот центар „Кирил Пејчиновиќ“, кој се наоѓа во склоп на Лешочкиот манастир. Продолжуваме со издавачко-просветната дејност и со многу други дејности, но најповеќе со молитвите кон Бога за секој млад човек. Се надевам дека во иднина би се зголемило присуството на младите во уште поголем број во Црквата.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img