ИВЗ: Ќе се гради џамија во населбата Скопје-Север

Date:

Share post:

Исламската Верска Заедница на Македонија дава целосна поддршка на иницијативата за изградба на џамијата во населбата Скопје-Север. Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, вели дека  ќе се ангажира за реализирање на овој верски храм.

Од Општина Бутел, пак, каде територијално припаѓа оваа населба, пред неколку дена изјавија дека изградбата на џамија не е предвидена ниту според Генералниот, ниту според Деталниот урбанистички план.

Пред три дена среде ноќ, локацијата во Скопје Север беше заградена со мрежа, а некои од жителите велат дека со петиција го поддржуваат градењето на исламскиот храм.

„Потребата е комплетна исламска и на муслиманите кои живеат во тој дел од градот. Јас сум убеден дека  ќе наидеме на разбирање и не треба да се дозволи да се злоупотребува ова иницијатива поради тоа што нема тенденција за окупација, доколку некој е жртва на окупација, тогаш, тоа сме ние. ИВЗ до крај ќе се ангажира за реализација на оваа потреба на муслиманската популација“, изјави Сулејман Реџепи, претседател на ИВЗ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img