ИВЗ ја почна градбата на нова џамија во Швајцарија

Date:

Share post:

Исламската верска заедница ја почна градбата на новата џамија во Фрауенфелд, град во северо-источна Швајцарија. Почетокот на градбата на џамијата го означил поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, како и гостиварскиот муфтија. На настанот присуствувал и градоначалникот на Фрауенфелд, Андреас Стокхлом, како и претседателот на унијата на Имами во Швајцарија.

-Џамијата е местото посветено за поклонување на Алах. Џамијата е институцијата во која се проповеда мир, љубов, единство и меѓусебна почит. Исламот е основниот принцип на мир и во никој случај не може да се поистовети со тоа што некој сака да го претстави како екстремизам и тероризам, изјавил поглаварот на ИВЗ, на поставувањето на камен-темелникот на џамијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img