ИСТРАЖУВАЊЕ: Секој четврти би прифатил брак, а секој втори пријател од различна вера

Date:

Share post:

Религија.мк, во следниот период поединечно, со анализа ќе ги објави сите прашања од обемното истражување за перцепцијата на граѓаните за религиите во Македонија, спроведено со ИПИС, а поддржано од фондацијата Конрад Аденауер.

Речиси секој четврти човек во Македонија би прифатил како дел од своето потесно семејство некој кој има различна верска определба. А речиси секој втори би избрал пријател кој е од друга религија.

PRIJATELI 3

 

PRIJATELI 1Последното истражување на Религија.мк  и ИПИС, поддржано од фондацијата Конрад Аденауер, покажува нагорен тренд во  разбивањето на предрасудите и стереотипите околу изборот на семејните врски по верска основа.

23.8% од испитаниците се изјасниле дека немаат проблем како дел од потесното семејство(маж, жена, снаат, зет) да прифатат некој кој има различна верска определба. Само 13.8% таква опција не би прифатиле.

PRIJATELI 2Истражувањето, спроведено кон средината на декември 2016 година, покажува дека најголем процент, или 41.2% од анкетираните за свој пријател би прифатиле некој кој е со друга верска определба. 7.2% би избрале тоа да биде само познаник, а 8,9% како дел од поширокото семејство.

Анализата на истражувањето по етничка и верска основа на испитаниците покажува речиси идентичен сооднос и кај Македонците и кај Албанците, како и кај муслиманите и христијаните. Како маж, жена, снаа, зет, кој е од различна верска припадност би прифатиле 22.4% од Македонците, а 27.7% од Албанците.

Во поглед на возраста на испитаниците, младите имаат најмал процент на предрасуда и стереотипи за ова прашање. Дури 32.6% анкетирани до 29 години немаат против за дел од потесното семејство да изберат некој кој има различна верска определба. 44,8% од младите пак би прифатиле верски различен пријател.

PRIJATELI VTOR 3Анкетираните во истражувањето одговараа и на прашање за тоа како нивните блиски би прифатиле некој различен по верска определба. Одговорите во голем дел коинцидираат со претходното прашање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img