Местобљустителот на патријаршискиот престол, митрополитот на Сенаки и Чхороцку Шио, му се обрати на Вселенскиот патријарх Вартоломеј I со зборовите дека е општопозната неговата љубов и почит кон патријархот Илија II, како и кон неговото дело, и му се заблагодари за топлите зборови.
-Ваша Сесветост, невозможно е да не ги истакнеме вашите исклучително топли зборови, силни и духовни. Сакам да ви се заблагодарам за тоа. Општопозната е вашата љубов и почит кон Католикос-патријархот Илија, како и кон неговото дело. Во вашето обраќање го истакнавте и вашето учество во признавањето на древната автокефалија на Грузиската црква. Секако, грузискиот народ и Црквата никогаш нема да го заборават овој ваш голем придонес. Уште еднаш, голема благодарност за тоа, изјави митрополитот Шио.

