Група поврзана со ИД се закани со напад врз Рим и Ерусалим

Date:

Share post:

Групата Вилајет Сејна, која е поврзана со Исламска држава објави видеоснимка во која се заветува дека наскоро ќе го нападне Израел и ќе го освои Рим.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA– Ова е само почеток, а средбата со нас ќе биде во Рим и Ерусалим, Евреи, чекај те не. Казната е тешка, ќе платите висока цена, изјави меѓу останатото, гласот во текот на 35-минутното видеобраќање.

Во говорот се наведува дека соборувањето на рускиот патнички авион на Синај и бомбардирањето на „штабовите на крстоносците и Евреите“ бил само почеток, а оти подоцна средбата ќе се одржи во Рим и Ерусалим.

Потеклото и автентичноста на видео снимката се уште не се откриени, но содржината и стилот се слични со пораките на досегашната пропаганда на ИД.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img