Христос се роди!!! Нека е за многу години Божик. Да донесе одлично здравје за секого, многу успеси и радосни моменти, мир и среќа во секој дом. Бог да и помогне на Македонија и на секој од нас кои живееме во неа, и оние кои се иселени. Да бидеме помудри и подобри луѓе.
Да се помагаме еден со друг повеќе, повеќе љубов и помалку омраза да создаваме. Македонија да оди напред и да има успеси, како политички така и економски, напиша поранешниот лидер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил, честитајќи ги божикните празници.

