Митрополитот на Патра, Хризостом, испратил отворено писмо со остри реакции до министерот за здравство на Грција, во кое изразува несогласување поради преименувањето на болницата „Свети Андреј“.
-Жителите на Патра, со голема збунетост ја забележаа новата реклама на болницата ’Свети Андреј‘, која сега е наречена ’Општа болница на Патра‘. Треба да се истакне, дека името ’Свети Андреј‘ е нераскинливо поврзано со оваа здравствена институција уште од самото нејзино основање. Под ова име неа ја препознаваат во цела Грција. Како што е познато, Свети Апостол Андреј Првоповикан е основач на Црквата во Патра и покровител на нашиот град. Значи нашиот град е нераскинливо поврзан со неговото име. Апостол Андреј е дишење и живот на Патра (овде тој поучувал и правел чуда. Во Патра се наоѓа местото на неговото погребение, тука се и неговата глава и крстот на кој Светиот претрпел мачеништво). Во контекст со ова, бараме на болницата задолжително да ѝ биде вратено нејзиното историско име. Таквото решение ќе ја отстрани неправдата и ќе ги израдува жителите од нашиот град“, стои во писмото.
/Бигорски
