Ѓорѓиевски претстави 40 капитални проекти за подобро Скопје

Date:

Share post:

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, денес ја претстави првата фаза од изградбата на новиот булевар „Хрватска“, проект кој, според него, ќе ја промени сообраќајната слика на источниот дел на градот и ќе донесе олеснување за илјадници граѓани.

Сите знаеме колку е голем метежот во Автокоманда, особено во утринските и попладневните часови. Со новиот булевар ќе воспоставиме стратешко поврзување меѓу општините Гази Баба, Бутел и Чаир, како дел од внатрешната обиколница на Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.

Проектот предвидува модерно и безбедно сообраќајно решение со европски стандарди, а паралелно ќе се реализира и нов водоводен крак кој ќе обезбеди стабилен притисок и подобар квалитет на водоснабдувањето за високата зона на Автокоманда, Железара и околните села.

Ѓорѓиевски посочи дека булеварот „Хрватска“ е дел од најамбициозната програма за патна инфраструктура во историјата на Скопје, која вклучува 40 капитални проекти за подобрување на урбаната и сообраќајната структура на главниот град.

Меѓу другите стратешки проекти се:

• Булевар „Февруарски поход“ со нов мост преку Вардар за поврзување на источниот и западниот дел на градот;

• Продолжување на булеварот „АСНОМ“ и поврзување со „Александар Македонски“ преку мостот „Михаило Апостолски“;

• Деблокирање на клучката „Момин Поток“;

• Продолжување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево;

• Проширување на булеварот „Александар Македонски“ со трета лента од Сингелиќ до Автокоманда;

• Булевар „Цветан Димов“ со шест коловозни ленти, велосипедски патеки и зеленило;

• Проширување на улицата Даме Груев и изградба на три нови кружни текови, како и подземна сообраќајница под Лимак.

„Со овие проекти градиме поорганизиран, побезбеден и подобро поврзан Скопје, модерен и достоинствен главен град каков што заслужуваат сите негови граѓани. Најдоброто допрва доаѓа“, порача Орце Ѓорѓиевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...