Ѓорѓиевски: Матка и Сарај ќе станат гордост на Скопје

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за време на денешната посета на општина Сарај, најави неколку инфраструктурни проекти насочени кон унапредување на локалната заедница и туристичкиот локалитет Матка.

-Сарај нема повеќе да биде заборавена општина. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно заживување и развој, истакна Ѓорѓиевски, најавувајќи изградба на монтажен паркинг кај Матка кој ќе овозможи уредено паркирање, намалување на хаосот и притисокот врз природната средина, како и контролирано управување со туристичкиот прилив.

Во рамки на својата програма, Ѓорѓиевски најави и целосна реконструкција на главната улица во Сарај, со нови тротоари, осветлување и сигнализација, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајот.

Меѓу клучните приоритети се и изградбата на канализациона мрежа во Долна Матка, како и осветлување на Горна Матка, што ќе придонесе за поголема безбедност и подобар квалитет на живот на жителите и туристите.

Ѓорѓиевски оствари и средба со риболовните друштва од Скопје, кои ги нарече „вистински чувари на реките“, нагласувајќи дека заштитата и чистењето на речното корито ќе бидат негови приоритети.

-Со заедничка визија и со народот, Сарај ќе прерасне во гордост на Скопје, а Матка ќе стане пример за одржлив туризам и вистинско место за уживање и живот, порача Ѓорѓиевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img