Франциск: Средоземното море стана гробница за мигрантите

Date:

Share post:

Папата Франциск осто ја критикуваше состојбата во современиот свет, за време на говорот во Рим, на Третиот Светски собир на Народното Движење.

Тој укажа на огромните суми на пари кои се трошат на спасување на банките, а дека фактички нема средства за спасување на обичните луѓе, вклучувајќи ги и мигрантите, кои се наоѓаат во невоља.

-Кој владее со светот? Парите и банките. Како владеат? Со помош на создавање на страв, нерамноправност, економска, социјална, културна и воена сила која раѓа се ново и ново насилие. Што се случува во денешниот свет кога доаѓа до банкрот на банките? Веднаш се појавуваат скандалозни големи суми за нејзино спасување. Но, кога доаѓа до банкрот на човештвото, не се наоѓа практично ни илјадити дел од тие средства за да се спасат нашите браќа. Така Средоземното море стана гробница за мигрантите. И не само Средоземното море, изјавил Франциск, кој нарекол ситуацијата со мигрантите од Африка и Блискиот исток срамна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img