Фетаи: Треба да се оддалечиме од раздор, клевети и горделивост

Date:

Share post:

Рамазан е школа на дисциплина и карактер. Кога се воздржуваме од храна и пијалак – нешта што се дозволени – ја воспитуваме нашата волја и ја зацврстуваме самоконтролата, за да можеме да се воздржиме и од забранетото. Оваа самоконтрола мора да се прошири и надвор од физичкиот аспект. Таа треба да го опфати нашиот јазик, однесување и меѓучовечки односи, порача поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи на почетокот на рамазанскиот пост.

Во пораката до верниците, Фетаи посочува дека постот има за цел трансформација на карактерот и дека не е доволно да пости со стомакот; треба да замолчи и злото во нас.

-Не е доволно да се оддалечиме од храната; треба да се оддалечиме од раздор, клевета и горделивост. Рамазан е и месецот на Кур’анот. Овој месец треба да биде сериозно враќање кон Божјиот Збор – не само преку читање, туку и преку размислување и практикување. Кур’анот го обликува умот, го прочистува срцето и го насочува делувањето. Преку постот учиме благодарност за благодатите што често ги земаме здраво за готово, стануваме почувствителни кон состојбата на оние што се во потреба и ја зајакнуваме меѓусебната одговорност. Дарежливоста, милоста и помошта кон оние што имаат потреба се конкретен израз на верата и на постот, порача поглаварот на ИВЗ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img