Фаворитот за Патријарх Наум имаше средба со Бојко Борисов

Date:

Share post:

Бојко Борисов, лидер на ГЕРБ имал средба со Русенскиот митрополит Наум во неговата резиденција во Русе. Веста стана интересна, откако во јавноста се почесто се споменува името на владиката Наум како можен иден поглавар на Бугарската православна црква.

-На 04.06.2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Русески г. Наум се сретна со г-ѓа Марија Гавриил и г. Бојко Борисов, кои сакаа да го посетат епископот за време на неговиот работен престој во Русе. Митрополитот ги запозна своите гости со тековните градежно-поправни активности во епархијата, потсетувајќи дека со помош на бугарската држава и локалната самоуправа во последните години се обновени трите манастири и десетици градски и селски цркви, стои во официјалното соопштени од епархијата.

Дел од бугарските аналитичари веќе анализираат дека оваа средба не е случајна и дека Борисов испраќа порака за тоа каков човек сака да види на чело на БПЦ.

Митрополитот Наум е еден од владиците на БПЦ, кој не е поврзаан со проруското крило и според познавачите може да биде компромисно решение за избор на нов патријарх.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img