Европската епархија купи уште една црква за верниците во Германија

Date:

Share post:

Европската епархија на МПЦ-ОА купи уште еден објект во Германија, кој ќе биде црква на македонските верници.

Верниците на црковната општина „Светите Кирил и Методиј“ во Штутгарт во иднина ќе имаат сопствен храм, каде ќе се служат литургиите.

Договорот за купопродажба е потпишан во присуство на надлежниот митрополит Пимен.

-Со голема духовна радост, Македонската православна црковна општина од Штутгарт ја известува својата богобојазлива заедница дека денес, во присуство на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Европски г. Пимен, беше и официјално потпишан купопродажниот договор за храмот „Свети Кирил и Методиј“ Штутгарт. Договорот беше потпишан помеѓу германските претставници на досегашната црковна заедница и делегацијата на МПЦО предводена од парохискиот свештеник отец Александар Новоселски и членовите на црковниот одбор. Овој чин претставува значаен духовен и историски момент за македонската православна заедница во Германија. Со ова, верниците добиваат свој сопствен дом на верата, молитвата и заедништвото. Создаваме денес, за утре да имаме историја, порачуваат од МПЦО „Св. Кирил и Методиј“ – Штутгарт.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img