Европската епархија денеска почнува да гради нова црква во Германија

Date:

Share post:

Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска ќе почне изградба на уште еден свој храм. Со Света Архиерејска Литургија ќе биде поставен камен-темелник на храмот посветен на свети Климент Охридски, во Берлин Германија.

Камен-темелникот ќе го постават Архиепископот Стефан, надлежниот Митрополит Пимен и владикатат Тетовско-гостиварски Јосиф.

-Почитувани, срдечно со сите вас ја споделуваме радосната вест дека на 15.09.2024 година ќе се освети камен темелникот за изградба на нова македонска православна црква во Берлин, и ќе се отслужи света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува неговото блаженство архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение со нашиот надлежен Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополит тетвско-гостиварски г. Јосиф, со повеќе свештенослужители од Македонија и Европа. Со радост и нашето масовно присуство да го збогатиме овој убав настан, стои во соопштението на МПЦО „Свети Климент Охридски“ Берлин.

На локацијата каде ќе се гради црквата се е подготвено, а веќе два дена активно помагаше и Владиката Пимен. Видеото погледнете го ОВДЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here