Епископот Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување

Date:

Share post:

Ден пред почетокот на велигденските пости, епископoт Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, денеска упати порака со која посака благословен пост и добра четириесетница.

– Светиот и велик четириесетдневен пост е најстариот и најстрог пост во нашата света православна Црква. Неопходно е, христијаните за време на постот да се трудат во сите добродетели, пожртвувано да се даваат себе си за другите. Треба да се украсиме со најубавата добродетел – љубовта, која произлегува од верата и која ќе трае вечно, истакнува владиката.

Додава дека „не можеме да постиме доколку не се помириме и не им простиме на сите, особено на оние на кои ни е тешко да им простиме, зашто тука е подвигот на христијанската љубов“.

– Простете им на оние кои заслужуваат и на оние кои ти мислат лошо, нека осетат во душата и срцето како е да се биде човек, порачува владиката Партениј.

Во Бигорскиот манастир, каде по традиција, денеска престојуваат голем број верници, ќе се одржи вечерна богослужба за Прочка, која ќе заврши со Великопосната молитва на Свети Ефрем Сирин, која е проследена со големи поклони, како и со меѓусебното простување на верниците и монасите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Црквата на Грција со рекордни 128 милиони евра за добротворна работа во 2024 година

Во текот на 2024 година, Црквата на Грција потроши неверојатни 128 милиони евра за хуманитарна и добротворна дејност,...

Национализмот не е христијански

Кога христијанството се појавило во Римското царство пред две илјади години, не било пречекано со одобрување ниту од...

Чешка воведува санкции за Иларион Алфеев – се соочува со забрана за влез и замрзнување на имот поради сомнежи за шпионажа.

Владата на Чешка, предводена од премиерот Петар Фијала, подготвува воведување санкции против митрополитот Иларион (Алфеев) – поранешен „министер...

Бугарскиот патријарх Даниил ќе ја посети Вселенската патријаршија за Божиќ

Во Истанбул, Вселенскиот патријарх Вартоломеј најави дека новоизбраниот патријарх на Бугарската православна црква, Неговото Блаженство г. Даниил, ќе...