Епископот Јаков служеше за Свети Сава во српската црква во Париз

Date:

Share post:

Викарниот Епископ стобиски Јаков ја предводел литургија за празникот на Свети Сава во Париз, во црквата на СПЦ.

Како што објави Тивериопол.мк, владиката Јаков, во предвечерието на празникот, присуствувал на сеноќното бдение, а утредента началствувал со Светата Божествена литургија во Соборната црква „Свети Сава“ во Париз, со што свечено биле заокружени Светосавските денови. На епископот Јаков му сослужувал домаќинот Западноевропскиот епископ на СПЦ Јустин.

-Со литургиската прослава на Свети Сава во соборната црква во Париз, свечено завршија Светосавските денови. Со Светата литургија началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков од Македонската православна црква – Охридска архиепископија во сослужение на Епископот Јустин и свештенството на Западноевропската епархија, стои во објавата на Западноевропската Епархија на Српската Православна Црква.

На литургијата присуствувале голем број верници за празникот посветен на првиот српски архиепископ и голем духовен просветител.

-Епископот Јустин ги одликуваше професорот д-р Дарко Танасковиќ, како и г-ѓа Станица Милисављевиќ и г. Стеван Јаковљевиќ со Видовденското одличје на Западноевропската епархија, додека повеќе заслужни парохјани беа наградени со архијерејски грамоти, пишува Тивериопол.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img