Денеска се слави Светителката пример за чистотата

Date:

Share post:

Верски календар: 18 Октомври

МПЦ-ОА/ Светата маченичка Харитина

sveta-hristina-2Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и ноќе се учеше на Божјиот закон и се заветува да го проживее векот во девственост, како вистинска Христова невеста. Но бидејќи Харитина и другите ги обраќаше во девственост, за неа чу намесникот на царот Диоклецијан, некој Дометијан. Тој испрати војници и ја зедоа од нејзиниот очув, та ја изведоа пред суд. Ја запраша судијата: „Вистина ли е, девојко, дека си христијанка и дека другите ги мамиш приведувајќи ги кон таа нечестива вера?“ Харитина му одговори храбро: „Вистина е дека сум христијанка, но лага е дека другите ги мамам, туку заблудените ги изведувам на патот на вистината приведувајќи ги кон мојот Христос.“ Злобниот судија нареди и косата ѝ ја истрижаа, а главата ѝ ја посипаа со жар. Но Божјата сила ја зачува девицата. Ја фрлија во море, но Бог ја избави и од морето. Ја врзаа за тркало и почнаа да го вртат, но ангел Божји го запре тркалото и Харитина остана неповредена. Тогаш пакосниот судија испрати некои развратни момчиња за да ја осквернат. Стравувајќи од бесчестење Св. Харитина Му се помоли на Бога да ја прими нејзината душа пред да дојдат развратниците да ѝ го осквернат телото. И додека на колена Го молеше Бога, нејзината душа излезе и се пресели во бесмртното Царство Христово.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...