Денеска е Велики Петок

Date:

Share post:

Верски календар: 25 март

КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Велики Петок.

Veliki petokНа денешен ден, пред две илјади години, Исус Христос со својата мака и смрт на Крстот ги ослободи луѓето од гревовите. Со својата смрт на Крстот, Исус покажа совршена послушност кон својот Татко, а кон нас луѓето, со тој чин покажа голема љубов. По гревот на Адам човекот бил оддалечен од Господ, својот Создавач и ја изгубил можноста да живее вечен живот со Господ во рајот. Христос како Нов Адам и жртва на Крстот, како Глава на човештвото, повторно ги привлече луѓето кон Господ и им стекна вечен живот. Светото писмо во сите четири евангелија зборува за Спасителската мака и Исусовото трпение на Крстот, за нашето спасение. Со жртвувањето на Крстот, Исус ни покажува дека не сака. Да му возвратиме и ние со љубов, живеејќи според Божјите заповеди, не навредувајќи го никогаш повеќе со своите гревови.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img