Денеска е Свети пророк Исаија

Date:

Share post:

Верски календар: 22 мај

МПЦ-ОА/ Св. пророк Исаија.

sveti prorok isiaijaСвети пророк Исаија живеел и пророкувал 700-ни години пред Христа. Но, и покрај тоа, поради неговите јасни пророштва за Христовите страдања кои тој ги гледаше како да му се случуваат пред очи црквата го нарече петтиот евангелист. Потекнувал од царски род. Се родил во Ерусалим, а татко му се викал Амос. Имајќи голема благодат во себе, тој се удостои да го види Господа опкружен со шестокрили серафими, кои непрестано пеат: свет, свет, свет е Господ Саваот. Пророкувал многу нешта на поединци и на цели народи, но најважни му се пророштвата за воплотувањето на Бога, за зачнувањето на пресветата Дева, за Јован Претеча и, како што рековме, за самиот Христос. Убиен е од своите сонародници, Евреите, надвор од ѕидините на Ерусалим.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img