Верски календар: 09 Септември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Петар Клавер.
Бил роден во 1580 година во Шпанија. Во 1596 година го посетувал исусовското сеучилиште во Барселона. Во 1616 година станал свештеник и работел со црнците. Тој бил еден од најзначајните социјални работници и апостол на робовите во Колумбија. Им помагал на робовите кои биле измачувани. За него тие рекле: “Петар Клавер може да биде црнец бидејќи ниту еден белец никогаш нема да знае така да ги сака луѓето”. Свети Петар Клавер умрел во 1654 година.

