Далај Лама во болница поради инфекција на белите дробови

Date:

Share post:

Тибетскиот духовен лидер Далај Лама е примен во болница во главниот град на Индија Њу Делхи поради инфекција на белите дробови и сега се чувствува подобро, изјави денеска неговиот портпарол Тезнин Такла.

Осумдесет и тригодишниот Далај Лама прима терапија и најверојатно ќе остане во болница уште два до три дена, рече неговиот портпарол.

Далај Лама со авион пристигна од неговото седиште во Дарамсала, и по консултација со лекарите во Њу Делхи вчера е примен во болница.

Дарамсала, во северна Индија, е седиште на Далај Лама откако избега од Тибет во 1959 година по неуспешниот бунт против кинеската влада.

Неговиот портпарол Такла рече дека Далај Лама сега се чувствува многу подобро.

Тој неколку месеци во годината обично ги поминува патувајќи во светот за да учи на будизам и да зборува за борбата на Тибетанците за поголема слобода во Кина. Тој минатата недела зборуваше на конференција на професори и студенти во Њу Делхи.

На прашањето за иднината на Тибет во Кина повтори дека не бара независност за Тибет, но повеќе би сакал „повторно обединување“ со Кина под взаемно прифатливи услови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img