Поглаварот на Црногорската православна црква, Михајло го осуди геноцидот врз Муслиманите во Сребреница. Во пресрет на одбележувањето на 21. годишнината од масакрот, Михајло испратил писмо до организациониот одбор за одбележување на геноцидот, потенцирајќи дека илјадниците камени гробни обележја во Поточари сведочат за тажното злосторство извршено над невините Сребренчани само затоа што се родени под знакот на полумесечината.
-Сите кои на овој простор кои се чувствуваме како луѓе го носиме бремето на своите плеќи и го молиме Севишниот никогаш повеќе да не се повтори таков геноцид, каков што современиот свет нема видено од Втората Светска војна. Трагите од тој ужас, недостоен за секое суштество кое себе се смета за човек, мораме да ги направиме јавни за целиот свет. На сите кои го оспоруваат мораме да им порачаме дека секој камен и секоја педа на земјата во Сребреница сведочи за злото кое се случило пред 21 година, стои во писмото на митрополитот на непризнатата Црногорска православна црква, Михајло.
Тој посочува дека овој геноцид претставува „злосторнички јуриш на Босна каква ја знаеме, Босна на добри луѓе, независно од нивната вера и нација“

