Целосна заштита на црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран

Date:

Share post:

sveti ilija dorjanДо крајот на годинава ќе биде целосно завршена непосредната заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран, која со финансиска поддршка од Министерството за култура ја спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица.

Црквата, која е значајно културно наследство од 19 век, ќе биде целосно обновена на стогодишнината од нејзиното бомбардирање во Првата светска војна кога претрпела сериозни оштетувања и потоа била надвор од употреба.

Министерството за култура соопшти дека неславниот јубилеј ќе биде одбележан со преосветување на храмот и негово ставање во активна црковна служба.

– Со првата фаза од активностите беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што беше целосно оформен подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури. Третата фаза подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата, а се одвиваа реставраторско-санациски работи на внатрешните ѕидови од објектот, оформување на отворите за прозорци и врати, како и финални работи на подот и на скалишниот простор од нартексот, информира Министерството за култура.

Во тек се завршните активности за конзерваторски истражувања и конзерваторско-реставраторските работи на внатрешните ѕидови.

Црквата „Свети Илија“ во Дојран е изградена во 1848 година година со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од велешкото село Папрадиште.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img