Пловдив најверојатно ќе биде третиот град во Бугарија во кој, преку одлука на локалните власти ќе биде забрането носење бурка на јавни места. Предлогот веќе е доставен до општинскиот совет, откако минатата недела такви одлуки беа изгласани во Пазарџик и Стара Загора.
Покрај забраната за носење бурки ќе биде побарано и забрана за религиозни агитации преку делење бесплатни книги списанија.
За предлогот поднесен од советничката група на „Патриотскит фронт“ општинскиот совет ќе гласа на 19 мај.
Како санкции за прекршување на забраната исто така се предлагаа високи парични казни од 300 до 1500 лева.
-Мотивот не е да ја изгласаме оваа одредба пред да ни се појават луѓе облечени на тој начин по центрите на градовите. Пловдув не е заштитен од можно влијание и исламизација поради блискоста со Асеновград и Пазарџик, каде има такви луѓе облечени на тој начин, велат предлагачите на забраната за носење бурки.

