Брату мој… My brother…

Date:

Share post:

Ви благодарам на сите вас, добри луѓе, што се сетивте на мене и што го прославивме споменот на војсководителот на небесните војски и благовесникот на Божјaта вест, светиот Архангел Гаврил.

Спомнете ме во вашите молитви и помолете се Бог да ни даде мир и разбирање. Љубов и простување. Смирени и спасение.

Боли отсуството на оние, кои до вчера први ти честитаа, а сега ги нема! Боли кога во твоето срце ја чувствуваш празнината на напуштеното место, местото на брат ти! Боли кога ќе видеш како довчерашниот брат во Христос, а без трунка вина за тоа, бега од тебе како ѓавол од темјан! Боли кога досегашниот брат во Христос, со кого си делел и добро и лошо, го гледаш подлегнат на демонската деструктивност: се насочил против тебе, измислува лаги, а самиот е свесен дека зборува невистини и душата во пекол си ја става!

Зошто брате мој?!?

Што е твое на овој свет? Што е мое, а што наше на овој свет? Што сме донеле, или подобро што ќе принесеме пред Него од овој свет? Освен душата брате…

Знаеш и самиот, тука сум, тука сме сите, затоа што семилостивиот Бог не возљубил и ни дал постоење. Ништо не е наше и ништо не заслужуваме.

Што делиме? Телото Христово – Црквата- ја делиме? Па таа, ниту е моја, а ниту е и твоја. На Бог е. А Бог нас, по Неговата милост, не поставил правилно да ги распоредуваме даровите на оние кои, пак Тој, ни ги подарил да ги водиме по патот на Неговата вистина. Ако ти самиот не влегуваш, тогаш ослободи ги и не пречи им на оние што сакаат да влезат.

На овој свет ништо не донесовме, а ништо и нема да однесеме. Моето срце брате мој не разбира зошто залудно се бориме за она што умира наместо да се бориме за Љубовта Божја, за полнотата што ќе не однесе во животот вечен. Борејќи се за трулежното зар не ја промашивме смислата на нашето постоење (а за нас свештенослужителите и смислата на нашата свештена служба)?

Знај брате, ако јас умрам во твоето срце, умираш и ти со мене! Но јас не сакам ти да умреш затоа што те љубам. Сакам повторно да ме примиш во твоето срце и да бидеме едно во Христос. Во Христос нема губитници и добитници. Или сме сите губитници или сме сите добитници. Поделби нема.

Arhimandrit GavrilДај Боже, додека се уште има време, да се покаеме и да дозволиме да завладее мирот во нас и помеѓу нас за да можеме ја слушнеме благата вест на благовестителот Гаврил и да го прославиме нашиот Отец на небесата!

Молете се за мене грешниот!

Пишува: Архимандрит Гаврил

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img