Во Србија продолжуваат реакцииите за суспендирањето на Жичкиот епископ Јустин, за кој СПЦ тврди дека е разрешен поради финансиски проблеми, а не порати политика. Професорот по сметководство и ревизија Владимир Закиќ, во свој авторски текст го анализираше соопштението на Синодот на СПЦ за разрешувањето на митрополитот жички Јустин. Тој ги доведе во прашање тврдењата на Синодот дека Јустин се запишал како сопственик на „три привредни друштва“ кои работеле со загуба, поради што бил казнет. Повикајќи се на јавно достапните податоци од, Закиќ истакнува дека сите спорни претпријатија формално и фактички се во сопственост на Епархијата жичка и дека работат со добивка.
Авторскиот текст на Владимир Закиќ, го пренесуваме во целост:
БОГ СО ТЕБЕ, ШТО ДА СЕ КАЖЕ?
Малку претходно го прочитав соопштението на Синодот на Српската православна црква за разрешувањето од должност на митрополитот жички Јустин:
„Во претходниот период беше утврдено дека митрополитот жички Јустин неовластено основал три привредни друштва – ‘Trifora doo’, ‘JEŽ d.o.o.’ и ‘Vinarija manastira Studenice d.o.o.’, го прикривал нивното работење, се запишал како вистински сопственик на три привредни друштва, а потоа извршил неовластена продажба на 34 црковни недвижности (станови, деловни простории и слично) во Краљево и Чачак.“
Првото што ми падна на ум се стиховите „БОГ СО ТЕБЕ, ШТО ДА СЕ КАЖЕ“ од гусларската песна „смртта на попот Милан Јововиќ.“
Како може кој било митрополит да се запише како „вистински сопственик на три привредни друштва“? А сè останато наведено е директно обвинување за привреден криминал. Одлучив да проверам што пишува на веб-страницата на Агенцијата за привредни регистри – тие податоци се достапни за сите.
Првото претпријатие што се споменува е „Trifora doo“, а единствен член (сопственик) е Српската православна црква – Епархија жичка, Краљево. Пријавената дејност е изградба на станбени и нестамбени згради. Во последните две достапни години работат со добивка – нето добивката за 2024 година изнесува околу 11 милиони динари, а за 2023 година околу 38 илјади динари (податоците за 2025 година ќе бидат достапни во наредните месеци, што важи за секое претпријатие).
Второто претпријатие што се споменува е „Poklonička agencija Eparhije žičke Jež doo Kraljevo“, сопственик исто така Српската православна црква – Епархија жичка, Краљево. Пријавената дејност е тур-оператор. Работат со добивка – за 2024 година околу 19 милиони динари, а претходната година 18 милиони динари.
Третото претпријатие што се споменува е „Vinarija manastira Studenice d.o.o.“, повторно во сопственост на СПЦ. И тие работат со добивка – за 2024 година 7,2 милиони динари, а претходната година 1,1 милион динари.
На прв поглед изгледа дека овие претпријатија се успешни и работат со добивка, па не сум сигурен дали СПЦ воопшто е финансиски оштетена. Моето лично мислење е дека црквата не би требало да се занимава со работи како што е комерцијална изградба на станови и деловни простории, но во овој случај тоа е небитно. Барем во Белград тоа е честа појава…
Првиот дел од ова соопштение, дека митрополитот Јустин неовластено основал три привредни друштва и се запишал како вистински сопственик, создава погрешна слика кај обичните луѓе. За сите три претпријатија единствен сопственик е Српската православна црква – Епархија жичка, Краљево.
И да додадам, врз основа на коментарите, постои формален упис на „вистински сопственик“, но тоа суштински би било значајно кај некоја „сомнителна“ компанија регистрирана, на пример, на далечни острови, за да се спречи перење пари и слично. Тука е јасно, од економски и финансиски аспект, дека вистинскиот и единствен сопственик е Српската православна црква, па не гледам вина кај митрополитот ако ги исполнил новите задолжителни законски одредби.
Во секој случај, кога се изнесуваат вакви тешки обвинувања, секој збор мора внимателно да се одмери и провери. Со тоа се губи и довербата во тврдењето дека ова не е „политички прогон“ и последица на тоа што ја критикувал власта со христијанската изјава: „моќта не е дадена заради насилство, туку заради служење“.
И конечно, како што вели латинската изрека „nomen est omen“ – „името е знак“, се надевам дека митрополитот Јустин на крајот ќе го оправда своето име, кое во нашиот јазик би значело Праведен или Чесен. Јас сигурно нема прв да фрлам камен…

