Бадникови поворки во посета на Претседателката Гордана Силјановска-Давкова

Date:

Share post:

Утринава, во духот на возобновената бадникова традиција, дел од учесниците на Бадникови поворки 2026, ја посетија Претседателката на Републиката, Гордана Силјановска-Давкова.

Со божикната песна „Вечниот Бог“, детските ангелски гласови ја исполнија средбата со радост, светлина и празнична возвишеност, најавувајќи го Христовото Рождество на најубав можен начин – искрено, чисто и со отворено срце.

-Следеше исклучително топла, срдечна и радосна средба, со што уште еднаш се потврди значењето на оваа традиција која ги спојува генерациите, ја зацврстува верата и ја буди надежта за поубава иднина. Оваа празнична средба е вовед во централната Бадникова манифестација, која денеска се одржува на Плоштад „Македонија“ во Скопје и во уште 80 градови и населени места низ Татковината и во дијаспората. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, Град Скопје и сите македонски општини, стои во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img