Автомобил полн со боци пронајден до Богородичната црква во Париз

Date:

Share post:

Автомобил со боци е откриен во близина на париската катедрала Нотр дам во саботата вечерта, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на полицијата во француската престолнина.

notСопственикот на возилото е на разузнавачката листа на осомничените во религиозна радикализација. Во возилото имало седум плински боци, од кои една празна. Во автомобилот немало детонатор, но биле откриени документи со натписи на арапски.

Според податоците на француската телевизија Бе Еф Ем возилото може да се користи за подготовка на атентат. Во врска со случајот се приведени маж и жена.

За автомобилот јавил вработен во бар, кој го забележал возилото и боците. Истрагата се води од специјализираната обвинителство за борба против тероризмот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img