Архиепископот Стефан на прославата на националниот празник на Русија

Date:

Share post:

На 11 јуни во Скопје Амбасадата на Руската Федерација одржа државен прием по повод националниот празник – Денот на Русија.

Меѓу гости беа Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г.Стефан, пратеници Иван Стоилковиќ, Реџеп Исмаил Хактан, Борислав Крмов, претставници на политичките партии, Амбасадорката на Србија Невена Јовановиќ, Амбасадорот на Кина Џанг Ѕуо, Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, Амбасадорот на Турција Фатих Улусој, Амбасадорот на Казахстан Сатибалди Ересович Буршаков, претставници на дипломатскиот кор, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, претставници на општини, општествени и културни дејци, академици и научници, бизнисмени, руски сонародници, како и активисти на македонско-руските друштва за пријателство. Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин им се обрати на присутните со говор.

-Русија повторно – како што се случило повеќе од еднаш во нејзината богата и славна историја – се соочува со беспрецедентни закани за нејзината безбедност. „Колективниот Запад“ на чело со САД, опиен од желбата да „се израмни“ со Русија на сметка на Украина, продолжува да го пумпа режимот во Киев со сè поуништувачки и со долг дострел видови оружје. Во последните денови сè почесто се слушаат гласови кои повикуваат за удари подлабоко на руската територија. Западот не е заинтересиран да стави крај на конфликтот што ние не го започнавме – како што нагласи Претседателот Владимир Путин на 5 јуни на состанокот со шефовите на водечките светски новински агенции, „војната започна во 2014 година по државен удар и обиди да ги скрши оние што не се согласни… со помош на топови“. Меѓутоа, оние кои сега излегуваат со луди пароли за нанесување на „стратешки пораз“ на Русија мора конечно да сфатат дека без разлика кој ѝ jа заканува нашата земја, без разлика под какви знамења или имиња напаѓачи jа загрозуваат нашата територија, резултатот секогаш ќе биде истиот – на крајот сите ги чека неизбежна победа на Русија, кована со воениот подвиг на нејзините војници, кои се сеопфатно поддржани од целиот наш народ, изјавил амбасадорот пред присутните.

-Многубројното присуство тука на нашите искрени македонски пријатели е потврда дека обидите за изолација на нашата земја пропаднаа. Добро знаеме дека братските руски и македонски народи ги обединува вековните врски на пријателство и меѓусебно почитување. Заедничката православна вера, духовното и културното сродство, словенските корени сочинуваат – без разлика како некој се обидува да ги натера Македонците да го заборават ова – силна – трајна – основа на овие повеќеслојни врски. Чувствуваме акцентирано пријателско расположение и симпатии кон Русија буквално на секој чекор, искрено сме благодарни за таквото однесување. Сигурен сум дека тоа може да стане основа за обновување на врските кога за тоа ќе се појават благопријатни услови. Од нашата страна сме отворени за дијалог – но под еднакви услови, почитувајќи ги меѓусебните интереси, потенцирал рускиот Амбасадор во Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...