Архиепископот ги пречека Иванов, Вељаноски и Димитриев

Date:

Share post:

Претседателот Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и Премиерот Емил Димитриев пристигнаа во резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан за неговиот денешен именден.

drzaven-vrv-kaj-stefanНа традиционалниот именденски ручек, Поглаварот на МПЦ го придружуваат владиците Агатангел и Иларион.

Средбата на државниот врв со МПЦ е вообичаен дел од протоколот за божикните празници што секоја година традиционално се организира.

Годинава има доста теми на кои политичарите и владиците најверојатно ќе разговараат. Вообичаено разговорите најчесто остануваат тајна, а протоколот не предвидува соопштенија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here