Анкета: Германците поддржуваат делумна забрана на бурките

Date:

Share post:

Голем дел од Германците го поддржуваат предлогот за делумна забрана на бурките, на Томас де Мезиер, министер за внатрешни работи кој доаѓа од партијата Христијанско-демократска унија на канцеларката Ангела Меркел, покажува анкета.

burka germanijaАнкетата спроведена во вторникот, над 1.008 лица, покажува дека 51 отсто од испитаниците се за целосна забрана, а 30 отсто – за делумна забрана за прекривање на лицето со темен превез. Петнаесет отсто од анкетираните се изјасниле против.

Конзервативниот германски министер мината недела изјави дека треба да се воведе законска обврска лицето да се пoкажува на места каде што е неопходно во јавниот живот.

– Места како што се државни институции, додека возите, во канцеларијата на регистарот, во училишта и универзитети, во државната служба, во судовите… За бурките нема место во германското општество и тие не се во согласност со тамошното разбирање на улогата на жените, нагласи Мезиер.

Канцеларката Ангела Меркел претходно изјави дека жените кои целосно се прекриваат со превези и марами, речиси и да немаат можност за интегрирање во општеството. Во Германија живеат околу четири милиони муслимани.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img