Александар Рашковиќ, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржан од ТМРО, претстави дел од својата предизбона кампања. Еден од приоритетите му е модернизација на зелениот пазар, за како што вели да биде урбан и современо дизајниран објект.
-Зелениот пазар ќе добие нов, модерен лик — четирикатна зграда со современ дизајн, која ќе го задржи духот на традицијата, но ќе понуди чист, функционален и урбан пазарен простор достоен за европска престолнина, Новиот комплекс предвидува: Подземна гаража со капацитет за над 150 возила. Приземје – простор за локални производители, цветари и органска храна. Прв кат – пазарна зона со зеленчук и овошје, со природна вентилација, стаклен покрив и широки патеки за купувачите. Втор кат – дел за млечни производи, месо, риба и пекарски производи, со високи хигиенски стандарди и ладилни системи. Трет кат – модерно кафе и ресторан со панорамски поглед кон градот, место за одмор и дружење. Четврти кат – зелена тераса со дрвја, урбана градина и соларни панели, најавува Александар Рашковиќ, кандидат за градоначаник и носител на листа за град Скопје.
Со овој проект, Зелениот пазар ќе стане најмодерниот урбан пазар во регионот – каде традицијата на скопските продавачи ќе живее во ново, достоинствено и инспиративно опкружување.

