Ако Грузиската црква ја признае автокефалноста на Украина – Русија ќе признаен независност на Абхазската црква

Date:

Share post:

Лидерот на опозициската грузиска партија “Демократско движење”, поранешен претседател на парламентот, Нино Бурјанадзе, смета дека ако грузиската црква ја признае автокефалноста на новата црква на Украина, Руската православна црква ќе ја признае Абхазиската црква како независна.

-На прашањето за признавање на автокефалноста на Украина од страна на Цариградската патријаршија, Патријаршијата на Грузија презема многу претпазлива позиција, која е поврзана не само со Црквата, туку и со иднината на Грузија.  Сакам директно да ги прашам овие господа што е најважно за нас – интересите на Грузија или заеднички зборови поврзани со правдата? Интегритетот на нашата земја или интересите на украинскиот народ? Ги почитувам сите народи, вклучувајќи го и украинскиот, но за мене интересите на Грузија се над сите”, изјавил Бурјанадзе, критикувајќи ги некои грузиски политичари кои бараа грузиската црква веднаш да ја признае автокефалноста на новата украинска црква.

-Убеден сум дека Патријаршијата на Грузија ќе продолжи да презема претпазливи дејства во признавањето на автокефалноста на украинската црква, која, според многу религиозни научници и теолози, не е толку јасна како што пропагандата тврди. Ние мора да продолжиме да се водиме од нашите сопствени интереси, не од американски или од западни интереси, вели Бурјанадзе.

На последниот состанок во пресрет на Новата година, Светиот Синод на Грузиската Црква го одложи разгледувањето на прашањето за признавање на автокефалноста на новата црква на Украин.

/Интерфакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img