Африм Тахири се дистанцира од вечерашните случувања во ИВЗ

Date:

Share post:

Од вечерашните случувања во Исламската верска заедница и неуспешниот обид за превласт се дистанцираше и екс првиот човек на Скопското Муфтиство, Африм Тахири, кој го предводи крилото за реформи во ИВЗ и кој во 2015 година се обиде да изврши смена на раководството на ИВЗ.

Тахири во соопштение за јавноста се дистанцира од овие случувања и бара неговото движење за реформи во ИВЗ да не се поврзува со овој настан.

-Категорично ги негираме овие дезинформации и, под морална и кривична одговорност нагласуваме дека, ова Движење не е дел на сценаријата кои се навиваат во Конак на Сулејман Реџепи и кои срамно се “спроведуваат” во ИВЗ. Муслиманското движење за реформи во ИВЗ преку својата ПЛАТФОРМА јасно и на многу транспарентен начин има објаснето како треба да се направат реформите и сите неопходни измени во ИВЗ, притоа, почитувајќи ги сите уставни норми, правните акти како и внатрешните правилници кои го уредуваат легитимното функционирање на органите на ИВЗ и кои обезбедуваат напредок  на развојот на исламскиот верски живот во РМ, пишува во соопштението на Африм Тахири.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img