Абделслам уште повеќе се радикализирал во затворот, тврди неговиот адвокат

Date:

Share post:

Главниот осомничен за терористичките напади во Париз, во кои настрадаа најмалку 130 лица, Салах Абдеслам, дополнително се радикализирал откако се наоѓа во затворот, тврди неговиот поранешен адвокат Свен Мари.

abdul-salamМари изјави дека условите на кои Абдеслам е подложен во францускиот затвор во Флери-Мерожи, во предградие на Париз, се такви да можат да се подредат во груипата на „психолошка тортура“, што дополнително придонело за негова радикализација, пренесуваат француските медиуми.

-Има брада, станал вистински фундаметалист, а претходно беше клинец кој носеше патики „Најк“, рече Мари за холандскиот весник „Де Волкскрант“.

Абдеслам (26) кон крајот на април и официјално беше обвинет за припадност кон терористичка организација, убивање, киднапирање и држење оружје и експлозиви.

Белгиските власти тогаш и го екстрадираа на Франција, откако на 18 март беше уапсен во Брисел.

Се верува дека тој е еиднствениот преживеан член на групата терористи која ги изведе нападите во Париз, во кои беа убиени 130 лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img