Во Сопиште сепак ќе се гради нова црква на Св. Мина

Date:

Share post:

По долги најави и серија меѓусеби обвинувања помеѓу месното население и скопската еапрхија, пред нова година беше поставен камен темелникот за изградба на новата Црква посветена на Светиот великомаченик Мина во Сопиште.

Осветувањето на камен темелникот го направи Архиепископот на МПЦ и Митрополит на скопската Епархија, г.г Стефан заедно со свештеници од Епархијата. На осветувањето присуствувал и градоначалникот на Општина Сопиште, Стевче Трпковски.

Жителите на општината и месниот црковен одбор на црквата Св. Мина, неколку години инсистираа на изградба на нов храм. Недоразбирањата беа поради финансиските средства добиени од денационализација на имотот на Црквата во Сопиште.

Црковниот одбор инсистираше тие да бидат наменети за изградба на нова црква, додека пак скопската Епархија сметаше дека сите средства добиени од денационализација ги управува МПЦ, а не локалните цркви.

Поставувањето на камен темелникот покажува дека недоразбирањата се надминати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img