Европскиот парламент расправше за тоа како Кремаљ ја користи Руската црква за политички влијанија во ЕУ и државите на Балканот

Date:

Share post:

Во Европскиот парламент се одржа расправа за мешањето на Русија во политиката на соседните држави на Европската унија преку Православната црква. Темата беше актуализирана од претстојните избори во Молдавија, но разговорот ја засегна и Грузија, Ерменија, Украина и Србија, како и три земји-членки на ЕУ – Романија, Бугарија и Чешка, како и т.н. „путинска концепција за духовна безбедност“.

Дискусијата се одржа во понеделник, 21 септември, во рамки на комисијата „Штит на европската демократија“. Прв главен известувач беше проф. Торнике Гордадзе – француско-грузиски академик од Институтот „Жак Делор“, кој ја обработи темата за користење на православните структури за промовирање на руското политичко влијание во Грузија и Ерменија. Потоа зборуваше проф. Лусиан Леуштјан – професор по политика и меѓународни односи на Универзитетот „Астон“. Тој ја претстави концепцијата на Путин за „духовна безбедност“ и влијанието на проруски духовници во Украина и Србија, двете земји-кандидати за ЕУ, како и во две земји-членки на ЕУ: Романија и Бугарија.

Состанокот беше отворен од претседателката на комисијата Натали Лоазо, која започна со цитат од говор на претседателката на Молдавија Маја Санду, одржан на последната пленарна седница на Европскиот парламент: „Мешањето не започнува и не завршува на денот на изборите. Тоа се постојани напори што нè разделуваат на долг рок – како вирус кој ги бара слабите точки во нашиот организам“. Како пример за руска пропаганда, ширена од православни свештеници, Лоазо посочи брутална лажна вест според која „ако Молдавија се приклучи кон ЕУ, Унијата ќе ги уништи православните цркви“.

Во Молдавија, недела пред претстојните парламентарни избори (28 септември), властите спроведоа 250 претреси и уапсија десетици луѓе како дел од истрага за наводен руски план за предизвикување „масовни немири“ и дестабилизација на земјата пред клучното гласање. Во 2024 г. над триста молдавски свештеници заминале на „поклонение“ во Москва со целосно покриени трошоци. Свештениците патувале со своите сопруги и верници во три групи од по над сто луѓе во август и септември. „Тоа беа луксузни патувања со финансиски поттик, насочени кон влијание врз референдумот за членство во ЕУ“, коментира Лоазо.

Во дискусијата потоа се вклучија пратеници од различни земји, меѓу кои и Томаш Здечовски (Чешка – ЕНП): „Во Чешка исто така имаме мешање на Руската православна црква во Карлови Вари, Прага и други градови. Се обидовме да ставиме крај на ова несакано влијание преку Православната црква во Карлови Вари користејќи го нашиот закон „Магнитски“, но оваа година тие брзо ја префрлија сопственоста на своите средства во Унгарија за да избегнат конфискација. Потребно е отворено да се каже дека руските мешања во нашите внатрешни работи се дело на ФСБ и ГРУ, а ние сме навистина наивни ако не признаеме дека Русија ја злоупотребува Православната црква во својата хибридна војна. Путин оди во црква не затоа што е религиозен човек, туку затоа што сака духовенството на своја страна во војната против Украина. Заклучокот ми е дека мора да ја запреме руската инфилтрација во нашите општества“.

Романскиот пратеник Василе Динку го потенцира значењето на претстојните избори во Молдавија. Како социолог, тој истакна дека Православната црква по природа е конзервативна и затоа лесно се вклопува во руската пропаганда. Во источноевропските земји православните цркви уживаат доверба од 70-80% од населението, што Путин го користи. Република Молдавија е во голема опасност, рече тој, потсетувајќи дека таму постојат две главни православни цркви, од кои главната е поврзана со Москва.

Австрискиот пратеник Хелмут Брантштетер изјави: „Моето прашање е за руската концепција за „света војна“. Како се чувствуваат луѓето во Молдавија и Грузија во однос на црква која зборува за света војна?“. Тој го нарече геноцид присилното префрлање на украински деца од окупираните територии во Русија, каде што тие се превоспитуваат и русифицираат со поддршка на руски свештеници. На крај предложи да се испита активноста на православни свештеници во ЕУ и тие да бидат депортирани доколку се утврди дека шпионираат за Русија.

Бугарскиот пратеник Петар Волгин зборуваше за религиозната ситуација во Украина низ призмата на руската пропаганда – тој се претстави како глас на Украинската православна црква и ги пренесе нејзините поплаки дека е прогонувана од украинската влада и од ПЦУ.

Во бугарските пропутински световни и црковни медиуми и религиозни групи, дискусијата во ЕП исто така доби широк одек. Тие ја проширија веста дека „Европскиот парламент ги прогласи православните свештеници за непријатели“, па затоа тие ќе бидат подложени на репресии и протерување.

Таквото толкување е типичен пример за свесно искривување на информацијата, кога извадени од контекст тврдења се преувеличуваат и претставуваат како непосредна закана за верата, со цел да се всади страв, чувство на опсада и мобилизација на поддржувачите на Русија против ЕУ. Како позитивен контрапункт во овие медиуми, вклучително и црковни, се истакнува говорот на бугарскиот пратеник од „Взраждане“ Петар Волгин, кој отворено признава дека го изповедува путинизмот како свое политичко верување, претставувајќи го како алтернатива на западната демократија.

/dveri.bg

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img