За што ќе разговараат Српскиот Патријарх и Англиканскиот поглавар?

Date:

Share post:

Српскиот патријарх Иринеј, заедно со шест члена делегација на СПЦ два дена ќе биде во официјална посета на Англиканската црква во Велика Британија.

spc-irinej-i-ambasador-britanijaДенеска и утре Патријархот Иринеј ќе има средби со поглаварот на англиканците, Архиепископот Кантербериски Џастин Велебеј.

Со Патријархот Иринеј се и Загребачко-љубљанскиот митрополит Порфириј, Британско-скандинавскиот епископ Доситеј, Источно-американскиот Иринеј, Епископот Јегарски Јероним еден ѓакон и еден професор од СПЦ.

Посетата на делегацијата на СПЦ е на покана на Поглаварот на Англиканската црква.

СПЦ, освен што ја потврди веста, не открива никакви детали за оваа средба. Непознати за јавноста се и темите на кои ќе разговараат двајцата поглавари.

Интересно е што една пред денешното патување во патријаршијата во Белград, Патријархот Иринеј имал средба и со британскиот амбасадор во Србија.

Во  соопштението на СПЦ стои дека Амбасадорот Денис Киф на патријархот Иринеј му посакал среќен пат и успешна посета во Велика Британија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img