Вселенската патријаршија одговара: Одлуките од Соборот ќе ги верификува Божјиот народ, тој е официјалната црква

Date:

Share post:

Прес службата на Сеправославниот собор реагира на некои медиумските написи според кои за точките од дневниот ред на Соборот нема да има дискусии и можности за интервенции во содржините.

vselenska sobpr 3Портпаролот и советник на Вселенскиот патријарх, Јован Хрисавигис во изјава за медиумите ја објаснува постапката за дискусиите на Соборот.

Сепак она што во ова изјава е интересно е неговиот коментар за ставовите на православните цркви кои нема да учествуваат на Соборот  дека нема да ги прифатат одлуките од него.

Советникот на Вартоломеј, вели дека сите цркви гласале за одржувањето на соборот и дека сите одлуки ќе важат за сите Цркви – вклучувајќи ги и оние кои ги промениле своите ставови и одлучиле да не дојдат.

-Одлуките се обврзувачки, бидејќи тие произлегуваат од Светиот Собор, одобрен и свикан со сеправославен  консензус. Конечно, и сите одлуки и документи ќе бидат подложени на природен процес на усвојување од страна на консензус на Божјиот народ – тоа е така да се каже официјалната црква, свештенството и народот на православните верници од целиот свет. Тоа беше случај и со други одлуки и на Вселенските Собори во минатото, вели отец Хрисавигис.

Погледнете ја изјавата:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img