Митрополитот Дебарско-кичевски, Георгиј присуствуваше на Ифтар вечерата што ја организираше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Заедно со Муфтијата Самет Ајдари, пртеставници на ИВЗ, граѓани градот Охрид во просториите на хотел „Мизо“, присуствуваа и пратеници, директори на различни сектори, општински советници, граѓани и голем број верници.
-Вечерва, уште еднаш докажавме дека Охрид не е само град, туку симбол на меѓусебно почитување и хармонија. Ифтарот не е само оброк – тој е мост. Ги премостува разликите и нè потсетува дека сите сме луѓе, сограѓани и пријатели. Соживотот во Охрид не е само историја, туку наш идентитет и начин на живот, напиша Пецаков на фејсбук.

